,

Здрав оброк со протеински леб со рецепти на Џејми Оливер

Грижата за своето тело и здравје е практика во модерното секојдневие, па токму затоа денес многу познати готвачи препорачуваат најразлични рецепти за вкусен, но истовремено и здрав оброк кој можете да го подготвите во вашата кујна. Еден од најдобрите готвачи на сите времиња и поборник за лесен, брз, но сепак здрав оброк, Џејми Оливер постојано напоменува дека протеините се неопходни во дневната употреба. Токму затоа во неговата ризница од рецепти има многу такви кои се базирани врз употреба на протеини и протеински леб, со што го менува и мислењето дека лебот треба да се избегнува при подготовка на здрав оброк. Протеински леб сега има и на нашиот пазар за што се погрижи Жито Лукс. Овој леб содржи големо количество протеини кои се важни за обновување и изградба на мускулната маса, поради што е потребно нивно внесување во доволна дневна количина. Покрај тоа што има големо количество  протеини, Протеинскиот леб во својот состав има црн и бел сусам, ленено семе и семки од тиква кои го надополнуваат вкусот и нутритивниот состав на лебот. Џејми Оливер препорачува три рецепти за совршен, здрав појадок, вкусен ручек и лесна, хранлива вечера: Поширани јајца на тостиран протеински леб Наполнете сад со вода (до половина) и оставете ја да зоврие на средна температура. Скршете едно по едно јајце во чаша и полека истурете ги во зовриената вода. Веднаш ќе забележите дека почнуваат да се готват, со тоа што правилно подготвено поширано јајце на краевите формира кора, додека во средината останува меко. Варењето на јајцата трае околу две минути. За да проверите дали се готови, внимателно отстранете едно јајце од садот, користејќи лажица и малку притиснете. Ако е премногу меко, вратете го назад и оставете да се вари уште една минута за да се зацврсти. Кога ќе бидат готови, извадете ги од водата врз кујнска хартија за да се исушат и сервирајте ги на тостирано парче протеински леб премачкано со соодветен, солен намаз по ваш избор.   Веге бургер со спанаќ и протеински леб За овој рецепт, потребни продукти се: спанаќ, соини трошки, едно јајце (за еден бургер), лебни трошки и брашно, свежа салата, домат, сенф, кашкавал и протеински леб на парчиња. Измијте го спанаќот и проварете го во сад 5 минути. Спанаќот треба да омекне и да ја промени бојата во потемно зелена. Откако е готов, процедете го убаво и исечете го на ситни парчиња. Во друг помал сад, ставете ги соините трошки и полијте ги со врела вода. Трошките по 10-тина минути ќе набабрат, впивајќи ја водата во нив. Исцедете ги убаво. Потоа, варениот спанаќ, соините трошки, јајцето, лебните трошки, солта и црниот пипер измешајте ги заедно. За добро соединување на продуктите, потребно е вешто да се измеси смесата. Откако е готова, од неа извадете еден дел и убаво оформете бургер кој не треба да има ниту форма на топка, ниту да биде потполно сплескан. Земете парче протеински леб, намачкајте го со сенф, ставете го врз него веге бургерот, парче кашкавал, домат, свежа салата и поклопете го со второто парче протеинскиот леб. Чоколаден протеински тост Во сад на средна температура ставете коцки од црно чоколадо за готвење и една лажица путер од кикирики. Смесата е готова кога соодветно ќе се згусне и ќе се соедини. Земете едно парче од протеинскиот леб и намачкајте го со чоколадната смеса. Одозгора ставете овошје по избор (сезонско) и уживајте во вкусот.