,

ИМАТЕ ВАКВА КОМОДА ОД ИКЕА ДОМА? Веднаш ослободете се од неа!

Добивај вести на Viber

Од шведската компанија ИКЕА најавија повлекување на 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го загуби дете. Смртта на двегодишното дете од Калифорнија, кое во мај беше заглавено под една од комодите го актуелизираше прашањето дали компанијата  ефикасно ја спровела кампањата за повлекување на производите, која прв пат беше објавена во јуни 2016 година. Извршниот директор на компанијата, Ларс Петерсон соопшти дека ИКЕА одлучи да повлече неколку видови на комоди, кои можат лесно да се превртат ако не се прицврстени за ѕид. Петерсон вели дека ИКЕА имала кампања за „широка комуникација" преку социјалните медиуми и нивните веб-страници. Шведската компанија испратила електронски пораки за повлекување на 13 милиони луѓе пред два месеци. ИКЕА во Америка лани ги повикала своите купувачи веднаш да престанат да ги користат комодите од линијата „Малм“ по смртта на неколку деца. Овие комоди се високи 60 сантиметри и се повлекуваат нанапред доколку правилно не се прицврстени на ѕид. Купувачите исто така можеле и да си бараат враќање на парите. Американската Комисија за безбедност минатата година навела дека починале најмалку шест деца, на возраст околу три години или помали, откако  врз нив паднала една од комодите на оваа компанија. Тогаш од ИКЕА наведоа дека нема да ги повлекуваат комодите од Велика Британија и Ирска.