,

Како да ги натерате децата да јадат повеќе овошје и зеленчук?

Австралиска студија покажа дека постои многу едноставен начин децата да ги засакаат овошјето и зеленчукот. Научниците од Универзитетот Дикин испитале 72 деца од основно училиште за тоа каква храна сакаат да јадат.

Децата попрво биле подготвени да изедат цел морков отколку исецкан.

„Во просек тоа значеше дека изеле десет отсто повеќе цело парче овошје или зеленчук, отколку исецкани. Очигледно побрзо ќе изедат цел морков, отколку исто количество исечкани на чинија“ - вели доктор Џи Лијем.

Децата ќе изедат повеќе ако имаат повеќе храна во чинијата, но важи и спротивен ефект. Лијем рече дека децата ќе изедат помалку чоколадо ако им го скршите на поситни парчиња.