Колекција САЈА пролет лето 2018: Македонската жена во фокусот на Антонија Ристовска

Добивај вести на Viber

Поттикната од раскошот на невестинските носии што ја красел жената Македонка низ векови наназад, Антонија Ристовска создаде колекција за современата жена. Нејзина инспирација се мотивите од Очи од Зобан (елек), опрегач Јумаклија и мотиви од делови од Саја. „Колекцијата е наменета за жена, девојка, која ја носи нераскинливата врска со минатото, која е апсолутно присутна овде и сега со проекција за својата иднина.“-открива Ристовска. Колекцијата содржи нежни и младешки парчиња, секое од нив инспирирано од македонските народни носии и облеки. Доколку погледнете одблиску, ќе забележите инспирација на пантолони од машки пантолони, крој на тоалета инспириран од народен невестински елек, и секако самите дизајни на материјалите. Споменатите делови од носии ме инспирираа да создадам современи дизајни во разиграни бои кои одговараат на духот на колекцијата. Дизајните се печатени на природна свила и се изработени од нашите соработници во Италија. Секој модел е надополнет со рачно изработен накит од срма, бисери, монисти и цветови. За заштитни лица на колекцијата ги земав моите ќерки, во знак на семејството како интегрален дел од традицијата и пренесување на нашето културно богатство на помладите генерации преку опуштена и разиграна фотосесија. Фотосесијата е направена во Македонската Филхармонија која исто твори и придонесува кон збогатување на македонскиот фолклор и култура и беше совршената локација за заокружување на овој проект, доддава креаторката Антонија. Фотографија: Жарко Чулиќ