,

Медитеранска вечер со Павле Камилоски во Forza Wine Bar & Restaurant

Добивај вести на Viber

На 25.11.2017 (сабота), со почеток во 20:30 часот, во Forza Wine Bar & Restaurant, се одржува медитеранска вечер со Павле Камилоски.

Приказната на Мала Италија и Павле Камилоски е започната пред четири години, и брои четири прекрасни концерти на различни локации во Скопје.

Мотивацијата зад овој успешен проект е Павле Камилоски и неговата вродена љубов и талент кон медитеранската музика и безвременските музички творештва.

Павле е вечно инспириран од италијанската музика и култура, и секојдневно работи на усовршување на својот вроден талент посетувајќи приватни часови по соло пеење кај професорот Горан Начевски со што ги надоградува своите вокални способности.

Поради успешноста и големата заинтересираност по Мала Италија патуваForza Wine Bar & Restaurant, познати по воздигнувањето и почитта кон уметноста и храната, ги отвора своите врати за повторно да уживате во вокалот и убавината на музичката изведба на Павле, кој овој пат, покрај италијанските, шпанските и француските песни, ќе ве воодушеви со нов репертоар и нови музички, визуелни доживувања.

За настанот е приготвено посебно мени кое соодветствува со музиката. Присуството е исклучиво овозможено преку резервации со порака во инбокс на фан страната на Forza Wine Bar & Restaurant или на: 078 445 068.