,

(ГАЛЕРИЈА) Модерни и убави и за време на ниски температури

Добивај вести на Viber

Зимата е веќе на прагот, а доста Европски престолнини веќе уживаат во своите снежни бајки. Ова е годишното време кога се буди детето во нас , го украсуваме домот и се радуваме на секој лампион и новогодишен украс, време за најблиските , пакување на подароци и нови желби и цели за претстојната година што допрва доаѓа. Што да се облече,а сепак да не топли и да бидеме во чекор со трендовите? Ниските температури често знаат да не онерасположат и да ни го менуваат мислењето што да се носи денес или утре, но модните блогови како и секојдневните трендови се овде да не разведрат секогаш. Студот секогаш бара удобна и топла облека, чаша топло чоколадо, викенд-бегство  во најблиските планини, варено вино и шарени ракавици, кафе или чај во комбинација со добра книга. Додека летно време сме расположени за водени лудории, зимата сепак има свои убавини и предности. Екстремните спортови се секогаш овде да ни го размрдаат телото, а адреналинот не прави да се чувствуваме живи. Големите шалови, кожни ракавици во различни бои, зимски чизми со најразлични дезени се само дел од многуте додатоци кои го надополнуваат зимскиот изглед. Во прилог, Ви ги издвојуваме нашите зимски модни предлози за оваа сезона. Направете си чаша топло кафе, и уживајте во модната галерија што ја подготвивме за вас.         За Женски Магазин, Нина Беадер Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion