За оние коишто сакаат да експериментираат, ќе видиме како брзо и едноставно може да се направи интересен прстен со малку материјали за работа. Потребно е малку потврда жица, монистра и клешти.
Земете монистра и протнете јa на жицата. Доколку жицата е потенка можете свиткајте ја и на дупло протнете ја монистата.
Кога ќе ја протнете монистата до средина на жицата, превиткајте ја.
Потоа, земете мерка на прстот на кој планирате да го носите прстенот и превиткајте ја жицата околу прстот. Можете да продолжите со плетењето или виткањето на жицата додека е на прстот, или ако ви е убаво земена мерката можете да го тргнете од прстот.
Следна е вашата замисла, дали ќе ја плетете жицата или пак, ќе ја виткате со помош на клештите.
Со вашата замисла можете да реализирате многу интересни и уникатни прстени кои се изработуваат за многу кратко време. Обидете се.
За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер