,

Направи сам венче со панделка

Доколку спаѓате во групата на оние кои сакаат панделки за коса или пак венчиња за коса, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Многу лесно за изработка, бара малку материјал и малку време. Земете обично венче, без разлика дали е пластично или метално. За панделката може да искористите материјал или мала марама, лента и конец.   Доколку користите марама свиткајте ја во одредена ширина, а потоа превиткувајте ја со ист број на слоеви. Доколку ви остане мал дел оставете го, за да ја стегнете средината на панделката врз венчето. Во случај да е помала марамата, можете да искористите декоративна лента за средината. На крајот сошијте го средниот дел од внатрешна страна на венчето. Искористете марами или материјали во различни бои и шари, така што ќе ги комбинирате со вашата облека. Обидете се да ги направите, со што на овој начин ќе ги обновите венчињата во овој ретро стил.   За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер