НЕ СИ ИГРАЈТЕ: Eве што може премногу сол да му направи на вашиот мозок

Знаете како премногу сол влијае на вашиот притисок и срцето, но дали знаете како влијае на вашиот мозок? Според пишувањето на списанието Nature Neuroscience, се намалуваат менталните способности поради преголемо конзумирање на сол. Направен е експеримент со глувци во Австралија и се покажало дека по 3 месеци тие добиле деменција. Иако важат за интелигентни животни, сепак тие почнале да не го препознаваат просторот и објектите. Премногу сол во храната ги пореметува сигналите во мозокот и крвните садови.