,

Оваа година, празниците започнаа порано во Драма Студио!

Добивај вести на Viber

Работевте напорно оваа година, ги постигнавте своите цели, ги прифативте своите животни предизвици, бевте своја и независна, капа долу за сите посветени мајки и сопруги, ги положивме испитите, ве промовираа во позицијата за којашто напорно вложивте труд и идеи, зарем не е време да земете длабок здив и да одвоите малку време и да си посветите мало внимание на себе? Драма Студио одамна е едно од омилените модни места на македонските дами каде што со задоволство можат да пронајдат уникатни парчиња, но и накит. Речиси нема девојка низ Скопје да не поседува ланче од линијата Drama Love Cats, главниот препознатлив симбол кога ќе се спомене овој бренд.   Ивана Кнез со својата уникатност и смисла за мода одамна им се всели во срцата на урбаните девојки кои според мене, секоја од нив на свој начин е style амбасадор на модата на Ивана Кнез.   Денес, бевме поканети во Драма Студио каде ја промовираа својата соработка со парфимеријата Anabella, каде веќе препознатливите ланчиња на Drama Love Cats ќе можете да ги пронајдете и во самата парфимерија Anabella.   Голем обожавател сте на слатките работи? При избирањето на вашите омилени модни парчиња, ќе имате и можност да ги дегустирате и вкусните колачиња од „ Cookies and Cakes кои се специјално custom made“‘’ во модернистичкиот дух на Drama Studio. Љубезниот тим на Драма Студио, не пречека со голема насмевка и куќа полна гости, поклонувајќи ни Drama Love Cats поклон, софистицирано спакуван со детали одбрани со многу љубов и внимание. Но, добрите вести не завршуваат тука! Попустите веќе започнаа во Drama, каде имаат намалување на целата колекција почнувајќи од 20-50%. Ние веќе го одбравме нашето омилено MUST HAVE парче облека, кое навистина ни го одзеде здивот со својата оригиналност! Драма Студио, уште еднаш ја потврди дефиницијата дека главната слика и модна филозофија е сепак во деталите. За Женски Магазин, Нина Беадер Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana : https://ninabeader.wixsite.com/styleinmotion