Здравје // Совети
Оваа маска е спас за вашето лице во зима
Во текот на зимата нашата кожа е изложена на негативни влијанија, кои можат да ја исушат и да придонесат таа да изгледа лошо.
Со цел да го освежите своето лице можете да направите маска од портокали.
Две лажици сок измешајте со две лажици брашно и смесата нанесете ја на чисто лице. Смесата нека отстои 20 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода.
Оваа маска ќе направи чудо. Таа посебно одговара на жените кои имаат мрсна кожа. Добро е маската да ја нанесувате еднаш неделно.