Кралот на модата Пол Василеф соработувал со глобалниот гигант Дизни за неговата најнова колекција на бајките на Паоло Себастијан, кои се прикажани на Фестивалот на модата во Аделаида.
Колекцијата од 30 парчиња наречена „Once Upon a Dream“- колекција инспирирана од Дизни беше претставена во недела.
„Во моите колекции секогаш има таков магичен елемент“, рече Василеф пред стартот на фестивалот, додавајќи дека се надева оти шоуто ќе предизвика чувство на чудо кај сите што го виделе.
„Ова е нешто што сакав да го направам отсекогаш. Сакам да ги вратам луѓето во времето, да се почувствуваат исто како кога за прв пат видеа филм како Пепелашка“, вели тој.
Очигледно, и успеал во намерата.