РЕЦЕПТ ЗА ВАС: Направете си домашен крем за околу очи

За неговата подготовка ви се потребни само две состојки и можете да го направите многу лесно во домашни услови. Кокосовото масло изобилува со антиоксиданси кои го обновуваат ткивото на кожата. Витаминот Е најчесто се содржи во сите производи за нега на кожа на лице и тело, а тоа е така затоа што тоа има антиоксидансно дејство и ја заштитува кожата од штетните УВ зраци.

Во мала  тегла ставете го кокосовото масло. Бидејќи тоа е во цврста состојба, теглата ставете ја во тенџере со врела вода за да се растопи и стане течно. На ампулата со витамин Е направете мал отвор и нејзината содржина додајте ја во теглата со кокосово масло. Доколку имате органско масло витамин Е, тогаш доволно ќе биде да додадете 4-5 капки од истото. Двете масла промешајте ги со помош на дрвена лажичка и кремот е готов.

Овој крем се нанесува два пати на ден, на чиста кожа во мали количини.