Моден фокус // Трендови
Румор слави прв роденден
Викендов, поточно на 23 декември во скопската галерија „Акантус“ беше отворена новата, декемвриската поп-ап продавница на „Румор“, како дел од одбележувањето на една година од делувањето на овој бренд. Привремената продавница во галеријата продолжува од утре, 26 декември, и ќе биде оворена сè до 30 декември. „Румор“ почна да функционира минатата година на 17 декември, кога како вистинско модно изненадување во Охрид се отвори продавницата со истото име „Румор”, како единствениот мултибренд во регионот ,со концепт по светски терк.
Во продавницата можат да се најдат креации на Ристо Бимбилоски, We Are Owls од Њујорк, Monographie од Париз/ Uniqlo од Токио, Citizens of Humanity од Лос Анџелес и други светски познати брендови, но и новиот македонски моден бренд кој го нои името „Румор“.