,

Совет како да ги наредите марамите или шаловите

Многумина марамите и шалчињата не знаат како и каде да ги сместат, па најчесто завршуваат на столче. Па затоа, за оние обожаватели на марами и шалчиња кои немаат идеја како да го решат овој „проблем“ ќе разгледаме неколку едноставни идеи како најлесно да се организираат. Потребни ви се закачалки, алки за завеси, пластични стеги, селотејп и картон од ролни.

Доколку имате само неколку марами или шалчиња, за вас е најлесно, само врзете ги на закачалка.

Ако имате повеќе марами наредете ги алките на закачалката и потоа наредете ги марамите или шалчињата на алките.

Ако пак, вашите марами се поминијатурни и потенки можете во некоја фиока доколку имате простор или во кутија да наредите картони од хартиени ролни. Ставете ги едно до друго, а потоа ставете ги марамите во нив. Така секоја марама ќе ви биде посебно сместена.

За оние пак, кои имаат многу марами, можат многу едноставно да направат закачалка за марами доколку ја немаат. Само земете ги алките залепете ги меѓусебно во колку редови сакате вие.

Можете да изберете форма дали само во редови ќе ги лепите, во форма на цвет или во триаголна форма. Јас ги наредив во триаголна форма. Можете да користите и стеги наместо селотејп. Откако ќе завршите со лепење, првиот ред од алките закачете ги со стеги на закачалката и со тоа закачалката е спремна.

Искористете некој од овие совети и секогаш вашите марами и шалчиња ќе бидат уредно наместени.

За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер