Со овој напиток до поголема концентрација на работа

Истражување покажа дека луѓето кои пијат чаевите се покреативни и пофокусирани на работа отколку оние кои практикуваат да пијат кафе. Истражувањето е реализирано со две групи млади луѓе на возраст до 23 години.

Едната група пиела црн чај, а другата вода и на крајот двете групи решавале когнитивни и креативни тестови. Резултатите покажаа дека првата група имала поголем наплив на креативност и можела подобро и подолго да се држи фокусирана на задачите од онаа која пиела вода.

Причината лежи во кофеинот присутен во чајот. Двете природни состојки на чајот, кофеин и танин, позитивно влијаат на конценрацијата, која е неопходен дел од когнитивните функции на мозокот, тврдат авторите на истражувањето.