Страшна смрт на млада манекенка: Паднала во кома и починала по модна ревија која траела 12 часа

Добивај вести на Viber

14-годишна девојка од Русија паднала во кома и починала по 12-часовна модна ревија во Шангај . Манекенката Влада Џуба отишла во Кина на тримесечна работа, но константно страдала од исцрпеност. Не е ни чудно,  бидејќи изгледа била на „робовладетелски“ договор кој на нејзините работодавци им овозможувал да ја експлоатираат надминувајќи ги сите граници, а нејзе и било страв да побара лекар, пренесуваат светските медиуми. Официјално, смеела да работи само три часа недело, но очигледно никој не се држел до тоа ограничување. Нејзината мајка рекла дека плачела кога се слушнале по телефон и ѝ кажала дека сака да се врати дома, дека е премногу изморена и дека само сакала да спие. Мајка и била надвор од контрола и не престанувала да се грижи, ја молела ќерка си да оди во болница и се обидувала да добие виза за да може да биде со своето девојче. Влада Џуба страдала од хроничен менингитис. Пред да зачекори на модната писта, температурата и скокнала. Кога колабирала, паднала во кома од која повеќе не се разбудила. Два дена подоцна била мртва, пишува “Siberian Times”. Руските власти покренале истрага за овој трагичен случај, а посебно ги интересираат условите во кои живеела и работела 14-годишната Влада додека престојувала во Кина. Шефицата на манекенската агенција преку која несреќната 14-годишна девојка отишла да работи во Шангај признала дека не го провериле нејзиниот договор и дали има здравствено осигурување. Влада е една од многуте млади Русинки кои се упатиле во Кина во потрага за парче леб со манекенска професија и јасно е дека нејзината смрт ѕвони на алармот на официјална Москва, па нејзиниот случај ќе го истражува правобранителот Павел Миков.