,

ТИЕ СЕ ВИСТИНСКИ ИЗБОР: Топ 5 видови овошје за зимските денови

Против грипот и студеното време може да се борите и со правилен избор на овошје кое ќе ви ја донесе потребната количина витамини на телото и ќе го зајакнете имунолошкиот систем. Ви претставуваме во продолжение овошје кое е добро да го изберете за зимските денови:   Јаболката е одличен антиоксидант Јаболката е извонреден извор на антиоксиданти кои го прочистуваат телото од несакани супстанци. Покрај тоа јаболката содржи многу витамин Ц и калиум, кој игра важна улога во правилно функционирање на срцето. Со јаболката во своето тело ќе внесете витамини Б1, Б2 и Б6. Папаја отстранува настинка и ефекти на астма Ако веќе сте уморни од јаболките, можете да ги замените со папаја која ги содржи истите витамини и минерали како таа. Папајата содржи и железо и селен кои допринесуваат на здравјето на крвта.Покрај тоа, папајата содржи и витамин Б кој промовира создавање на црвени крвни зрнца. Со папаја симптомите на настинка може да бидат олеснети. Брусница за здрава цревна флора   Брусниците содржат огромни количини антиоксиданти и се природен пробиотик, што значи дека ја регулираат цревната флора. Покрај тоа, тие исто така се добар извор на витамини Ц, Б1, Б2,Б6 и витамин Е, а исто така имаат благотворно дејство на уринарниот тракт. Грејпфрут за имунолошки систем Грејпфрутот содржи витамин Ц и успешно го зајакнува имуниот систем. Исто така, со своите состојки влијае на намалување на нивото на холестерол. Содржи и железо, калиум и калциум, а активните материи на црвениот грјп дури чуваат од канцерогени болести. Банани за добро расположение Бананите се најдобар извор на витамин Б6, но исто така ја намалуваат индиферентноста, депресијата, стресот, и несоницата бидејќи содржат состојка која стимулира производство на серотонин, хормон кој го буди доброто расположение. Тие содржат богати количини на магнезиум и селен, кои заедно со витамин Е делуваат како антиоксиданти.