Ултра виолетовата е бојата на 2018

Добивај вести на Viber

Според компанијата Пантон ултра виолетовата е бојата на 2018. Таа симболизира визионерство, космички широчини и длабочини, мисловност. Според компанијата ова е провокативна и „мисловна“ нијанса, која поттикнува оригиналност и визионерство кое нè води кон иднината. Помислете на Принс, Боуви, Хендрикс и на нивните лилаво тонирани слики расфрлани низ галаксијата, на мистериите на космосот - тие лилаво нијансирани медитативни простори, велат тие. „Се работи за мистична, длабока, придушена боја, која истовремено е и космичка нијанса и нè тера да ги скршиме првин сопствените граници и да се фокусираме на иднината. Не само што е тренд во светот на дизајнот, туку е рефлексија и на она што му е потребно на светот денес“, појаснува Лори Пресман, заменик претседател на Институтот Пантон.