Животна училница // Приказни
Утринско кафе со Ивана Кнез: Полна куќа љубов, моја дефиниција за среќа
Денот ми почнува сама со себе, млака чаша сода со лимон, банана и кафе. Пред компјутер се преслушувам за претстојните обврски за тековниот ден.
Провокација и предизвик, сѐ што немам работено, сѐ што ми е ново да работам и да истражувам ме мотивира постојано. Кога некој ќе ми каже дека нешто не може, дефинитивно тоа ми е дополнителен тригер.
Состаноци, фитинзи, дизајни… често тоа траат и по 14 часа на ден.
Денот ми завршува со мојот партнер и моите миленици. Имаме 3 мачки и 3 кучиња, така што сме полна куќа обврски, кои едвај чекаат да се вратиме дома. И тоа за мене е дефиниција за среќа, дом полн со љубов.
Книга секогаш пред филм. Во последно време повеќе внимание посветувам на статии за жал, но секогаш кога можам бирам книга. Филм оставам за во кино, сакам кога одам во кино, целата процедура на пуканки и шушкање меѓу седишта, ми е супер за опуштање.