Трендови,
Трендови
(ФОТО) Капут во леопард принт: Како да го комбинирате шик парчето кое се враќа во мода
Инспирирано од шеесетите години на минатиот век, ова парче секогаш не асоцира на оние кул девојки кои живеат од еден до друг рок концерт, носат кожни тесни панталони, и го „глумат“ по малку „неуредниот“ стил на Кејт Мос.
Може да биде А крој во вид на капут или дури бунда од вештачко крзно во сличен крој.
Ваквиот капут најдобро стои кога на себе имате се во црна боја, да речеме тесни фармерки, получизми и ролка, или бохо фустан, но оди сјајно и со плави фармерки и бела маичка, а таа комбинација може да ја зачините со каиш во рок фазон или дури шешир.
Леопард капутот или бундата во последните неколку сезони се едно од најбараните парчиња и ако сакате да го имате, мора да побрзате.
Сега опуштете се и погледнете како може да го комбинирате.
https://www.instagram.com/p/BS2yJMGgvcz/
https://www.instagram.com/p/BN7bBwMgxws/
https://www.instagram.com/p/BawwlSwlwKq/
https://www.instagram.com/p/BQD5SEGjhPB/
https://www.instagram.com/p/BPvTWw8gV8L/
https://www.instagram.com/p/BaI4CtrA7wG/