,

(ФОТО) Направи држач за обетки во форма на дрво

Идеја за денес мало плетено дрвце од жички за оние кои сакаат нешто поразлично од класичната кутија за обетки, можат да се обидат да го направат. Основен потребен материјал за изработка на ова дрвце е потенка жица во било која боја, малку поцврста жица и монистра. За дното на дрвцето можете да искористите гипс, глина, некакво метално постоље или нешто што би држело цврсто да не се преврти дрвцето. Јас искористив пластика од селотејп која потоа ја пополнив со мало метално тегче. Според големината која сакате да ви биде дрвцето, ќе ги скратите жичките во одредена и иста должина. Полека протнувајте ги, можете да ги свиткате по две жички или повеќе. Кога ќе завршите со протнување на жичките, земете од подебелата жица едно парче и ставете ја во средината, а потоа замотајте ги жичките околу неа. На тој начин стеблото на дрвцето е спремно. Потоа разделувајте ги жичките и формирајте гранчиња. На истиот начин како за стеблото, замотувајте ги гранчињата. На крајот на гранчињата протнете монистра и завиткајте ги жичките. На долниот дел поставив малку тежина во внатрешноста, за да биде стабилно дрвцето. Потоа со помош на лепило и коноп го излепив декоративно. Истото може да го направите и на друг начин со помош на глина или гипс, за дното на дрвцето да има тежина. Кога ќе го направите дрвцето, најдете му специјално место во вашата соба и наредете го со вашите омилени обетки. За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер