,

(ФОТО) Носете ролка како Викторија Бекам: 5 супер стилски идеи за работа но и за кафе во град!

Добивај вести на Viber

Викторија Бекам повеќе пати покажа како да се стокми добар стајлинг со топла и удобна ролка. Клучно парче на секоја топла сезона е ролката. Оваа сезона навистина може да ги пронајдете во сите можни верзии и бои, без разлика дали барате класична прилепена ролка или широк предимензиониран модел. Ако ви треба шик комбинација за работа, а не сте строго поврзани со дрес код кој бара кошула и сако, тогаш добро ќе ви послужи погледот на овие комбинации кои Бекам ги носеше во последните година дена. Панталони со широк крој одлично ќе изгледаат со ролка ако ги надополните со елегантни модни додатоци. Штикли или получизмички на шпиц се најидеални во овој случај. За неформални прилики тука се добрите стари фармерки и додатоци по желба. Викторија сака вистоки попетици па најчесто ќе ја видите во некои одлични чизми со сопствен потпис или салонки. Ако комбинацијата ви е црна и досадна тогаш одберете некое парче обувки во боја.