Меган Маркл е честа тема на вљубениците во модата кои сакаат да знаат се за нејзините елегантни и софистицирани модни избори..
Позната е по своите едноставни, но впечатливи стилски комбинации кои наголемо ги фали и главната уредничка на француското модно списание Vog, Emanuel Alt.
Иако со нејзините комбинации од сега ќе се занимава тим од експерти, убавата актерка и од неодамна вереничка на принцот Хари, сигурни сме дека нема многу да го промени својот стил. Таа веќе со години ја негува својата фигура, не носи многу шминка, а палетата на бои кои на неа можеме да ја видиме, е воглавно составена од неутрални тонови.
Во продолжение ви донесуваме 10 модни изданија од убавата бринета на која не успеал да и одолее ни самиот принц...
Комбинациите воглавно се класични, од фармерки, опуштени блузи, до капути во фустани, само во ретки прилики, во силна боја.
Меган сака чанти, дискретни акцесоари, во беж и кафеава боја.
- Фармерки и едноставна бела блуза