,

Часовници кои ќе се носат во 2018

Асесоарите се важен детал на секојдневната комбинација, и можеме да ги комбинираме во различни стилови. Покрај накитот, задолжителен асесоар што не смее да се пропушти кај една дама е и изборот на добар часовник. Како чевлите и чантите, купувањето на часовник знае да биде и заразно, а модните апетити да се зголемуваат. Посилниот пол најчесто во својата колекција ги вбројува автомобилите, скапите елегантни сакоа и чевли, но и часовниците. Класичните часовници во црна, златна или сребрена боја одамна се заменети со секојдневните трендови што се менуваат. Производителите на часовници одамна нудат нешто сосема поразлично во своите колекции, а монотоните бои одамна се заменети со колоритност и играње на вкусови и стилови. За вас, ги избравме нашите фаворити на часовници што би можеле да се носат во секоја пригода, но и воедно понекогаш и да ви заменат парче накит. За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/