,

Чувар куќата лекува изгореници, ушни болки и разни болести

Сокот кој го исцедиме од билката чувар куќа е одличен во лекување на изгореници. Исто така, оваа билка е позната и во лекување на ушни болести. Ако сте биле предолго изложени на сонце, и наместо убав тен вие добивте изгореници или можеби ве боли увото, за лек земете лист или два од чувар куќа. Меснатите листови на оваа билка во себе содржат сок кој е многу лековит, а како лек чувар куќата најчесто се користи против изгореници или ушни болести. Облогата од свежо исцеден сок на чувар куќата го смирува местото на убод од инсекти, како оса, пчела или комарец. Оваа билка е добра и за лекување на брадавици, сончеви пеги. Некои нови истражувања даваат надеж дека сокот од чувар куќа е благотворен на имунолошкиот состав на човекот, а превентивно делува против канцерогени болести. За да се спасите од болката во увото, потребно е да земете неколку листови билка чувар куќа, да ги преполовите и да исцедите две до три капки сок во болното уво. Течноста оставете ја во увото кратко време, и свртете се таа да излезе од ушната шуплина. Со тек на време болката ќе исчезне. Доколку лекувате изгореници, треба да земете поголем број листови, да ги разрежете и да го исцедите сокот директно на изгореното место на телото. Чувар куќата е благодарна билка, без никакви барања. Успешно ќе расте по крововите на куќите, карпите и ѕидовите. Секако е корисна да ја имате во близина на домот. За лек, од билката чувар куќа се собираат листови, во летниот период додека билката цвета. Листовите се дебели и сочни, а сокот внатре во листовите е вистинско богатство од здравје.