Што ви е гајле како изгледам јас?

Канаѓанката Аник Робинсон се враќала дома во Монтреал после конференција. Била уморна од летот и сакала што поскоро да ги види своите деца. Во моментот кога се наоѓала на аеродромот, и пришол консултант за продажба на козметика и почнал да и поставува прашања. „Ми даде огледало и ми рече да се погледнам…“. Таа била толку шокирана со што тоа и го кажал потоа, па решила да го сподели своето мислење на својот Фејсбук профил. За само неколку недели, нејзиниот пост го поддржале десетина илјади жени ширум светот. Еве ја нејзината историја: 

Вчера бев многу уморна. Бев на аеродромот, и веќе тргнав кон излезот, кога ова момче – консултант започна да зборува со мене, туркајќи ми во рака бесплатен природен сапун. Но, во овој живот ништо не е бесплатно! Барем не на аеродромите.. Понатаму се случи овој дијалог: 

Мажот: „Вашата кожа сега има природен изглед, без шминка, зарем не?“ 

Јас: „Изгледам согласно со годините – и ова е сосема нормално.“ 

Мажот (не знаејќи како да реагира на мојот одговор): „Дозволете да ви покажам серија за лице од нашата козметичка куќа. Ако не почнете да водите сметка за своето лице, овие брчки на лицето ќе станат многу подлабоки на 45 години, и потоа козметиката нема да ви биде од помош“. 

Јас: „А што не е во ред со жена која изгледа како да има 40 години?“ 

Мажот: „Ајде да поразговараме за подочниците и брчките. Можам да ви предложам крем за нега околу очи, која ќе ве спаси од овие проблеми за 15 минути“. 

Јас: „А што не е во ред со моите очи? Дома јас имам едно мало дете и да, не сум наспана нормално во последните 2 години, затоа и имам подочници, и среќна сум што ги имам. Со мажот често се смеам, оттаму и овие брчки на лицето. За се тој е виновен. Нему му се допаѓам како јас изгледам. Не мислам дека ми треба вашиот крем“ 

Мажот: „Можеби сега – не, но на 50 години ќе биде доцна нешто да се промени. Ако не почнете веднаш да преземате нешто, брчките ќе станат толку длабоки, што само операција ќе може да ви помогне. 

Јас: „А што има лошо во тоа жената да старее? Со сопругот доста разговарав за тоа како ќе живееме и старееме заедно, ќе бидеме симпатични старци со збрчкани лица. Бидејќи мојот сопруг, исто така старее. Сите ние старееме. Ова е составен дел од животот“. 

Мажот нервозно гледал на другите минувачи, кои застануваа близу до нас и го слушаа разговорот: „Чекајте, ако ве загрижува цената, можам да ви дадам добар попуст – 3 креми за 199 долари. Ова е поевтино од ботокс!“. 

Јас: „Изгледам сега сосема нормално на 45, и ќе изгледам нормално кога ќе имам 50 години, затоа што не е ненормално жените да стареат. Стареењето е привилегија која многумина ја порекнуваат. Јас не го одобрувам тоа што ви се обидувате да ја рекламирате младоста со помош на вашите производи и го оцрнувате стареењето, претворајќи го во продажна тактика“. 

После овој разговор решив веднаш да направам фотографија од своето збрчканото лице со подочници. Ова лице го сакаат моите деца и мојот сопруг, така да, сепак, ќе шетам и живеам со вакво лице. После илјади коментари и мислење, Аник додала уште неколку зборови: 

Ви благодарам на сите на поддршката, но сакам да разјаснам. Мојот пост не пропагира природен изглед без шминка, не говори за тоа дека ме повредиле зборовите на консултантот, момчето, едноставно си ја вршеше својата работа. Мојот пост е за индустријата за убавина, која заработува милиони, терајќи ги жените да го мразат својот изглед и целосно природниот процес на стареење. Ајде да ги промениме овие наметнати стереотипи, бидејќи жените имаат многу поважна работа отколку да седат и нервозно да ги бројат своите брчки.