,

Џиџи Хадид во неодолива комбинација: Модерно, младешки и неверојатно секси

Добивај вести на Viber

Џиџи Хадид е прогласена за најдобро облечена позната жена оваа година и не е големо изненадување дека продолжила да не воодушевува со своите дневни комбинации. Познатата манекенка пред некој ден на една забава во Лондон се појави во силно жолта комбинација. Имено, убавата манекенка облече комплет од прославениот американски моден дизајнер Ралф Лорен. Во прашање е мини фустан со жолти светликави додатоци и капут од кашмир кој го префрлила преку себе, додека на нозе имаше светликави стилето чевли во златна боја на вртоглава потпетица. Косата и беше крената во опуштена пунџа, а на ноктите имаше жолт лак за нокти кој, знаеме, малку кој може да се реши за него и да изгледа гламурозно.