40-ти роденден со најблиските: Елена Велевска сподели фотографии од домашната забава

Фолк-пејачката Елена Велевска вчера го прослави својот јубилеен 40-ти роденден.

Имено таа на својот профил на Инстаграм објави фотографии од интимната домашна забава во друштво на своите деца и најблиски.

Имаше торта со симболот „Луј Витон“, како и многу убаво уредена маса со мафини и слатки.

За бракот на Велевска се пишуваше многу низ магазините, порталите многупати низ годините ја разведоа, се пишуваше дека очекува и 4-то дете, но таа секогаш вели дека: „Децата се нејзината сила“.