Дунавка Трифуновска: Овие што ме коментираат не разликуваат човек од животно

Добивај вести на Viber

Контроверзната Дунавка Трифуновска која минатата недела беше топ тема на социјалните мрежи после гостувањето во „Бекстејџ“, вчеравечер повторно беше дел од нивната емисија, но овојпат наместо да зборува за себе , ги читаше коментарите на „Фејсбук“ и навредите упатени на нејзина адреса по повод првичното интервју. А навреди имаше мал милион... 

Видеото од емитуваниот прилог имаше над 10 илјади прегледи и стотици коментари, а по селекција на Миро Кацаров, кој го сработи и првичниот разговор со неа дел од нив беа прочитани јавно, а Дунавка имаше можност јавно да им одговори и возврати. После седум минути поминати во студио и низа навреди и од страна на манекенката кон оние кои ја критикувале, Дунавка се изнервира, па реши да стане сред интервју и да ја напушти емисијата. 

 „Доста ви беше од мене, јас си одам, овие кои што ме коментираат не разликуваат што е човек, а што животно, тоа се е провинција, минат век, “рече Дунавка во интервјуто. Какви други навреди паднаа и што ја изнервира за да стане и да ја напушти емисијата погледнете во видеото: