(ФОТО) Пет измамени славни жени кои се одмаздија на своите партнери

Добар и успешен живот е најдобрата одмазда по раскинувањето на врската. 

Овие познати жени им покажаа на нивните бивши сопрузи дека нивната измама не ги скрши и дека можат без нив. Тие признаа дека никогаш не се чувствувале толку добро од кога ги прекинале токсичните врски.

Џенифер Анистон и Бред Пит

Приказна која е добро позната: Бред Пит ја запозна Анџелина Џоли на сет на нивниот заеднички филм Г-дин и г-ѓа Смит, каде што започнаа со љубовна врска. И не би било чудно ако не беше во брак со Џенифер Анистон во тоа време. Јавната измама делумно го оштети имиџот на холивудските актери кои на крајот се венчаа и станаа родители на шест деца.

Но, тие исто така покажаа дека е многу тешко да се одржи врската која започна со лаги. Никој не се изненади кога го објавија нивниот развод во септември 2016 година. Во меѓувреме, Џенифер се ожени и се разведе уште еднаш, но исто така изјави дека никој не треба да чувствува жал за неа, затоа што се чувствува (и изгледа) фантастично.

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон

За измамата на Тристан Томпсон се зборува веќе некое време. Првите гласини во јавноста се појавија кон крајот на минатата година, кога неговата девојка Клои Кардашијан беше во деветтиот месец од бременоста. И покрај снимките на кои се гледа кошаркарот како ја изневерува ријалити sвездата со две жени, двојката во меѓувреме се помири.

Неколку месеци розите им цветаа, кога двојката повторно се распадна во октомври минатата година, кога беше јавно откриено дека Тристан повторно ја изневерува Клои со најдобрата пријателка на нејзината сестра Кајли - Џордин Вудс.
Но по се изгледа, дека двојката е повторно заедно.

Марија Шривер и Арнлод Шварценегер

Светот беше шокиран од вестите во 2011 година, кога беше објавено дека Марија Шривер и Арнолд Шварценегер се разведуваат по 25 години брак. Шокот беше уште поголем кога се откри дека поранешната слугинка на холивудскиот актер и гувернер на Калифорнија родила нивно заедничко дете четири години порано.

Иако Џозеф Баена наликува на неговиот биолошки татко, Арнолд Шварценегер призна дека нема никаква врска со него. Набргу по разводот, Марија започна врска со политичкиот советник на Арнолд, Метју Дад.

Сандра Булок и Џеси Џејмс

Сандра Булок беше јавно понижена кратко време по освојувањето на Оскар за главната улога во филмот „Приказна за шампион“. Џеси Џејмс јавно призна дека ја изневерувал за време на нивниот петгодишен брак. Иако оваа вест многу ја погоди, поради што актерката се повлече од јавниот живот некое време, тоа не и пречеше. Напротив, таа ја продолжи успешната кариера во Холивуд и во педесеттите години, посвои две деца, но исто така е во среќна врска со фотографот Брајан Рандал.

Анџелика Хјустон и Џек Николсон

Врската помеѓу Анџелика Хјустон и Џек Николсон е една од најтрофејните љубовни приказни во Холивуд. Американските актери беа во бурна врска која траеше 17 години, но нагло заврши кога Николсон призна дека очекува дете со друга жена - актерката Ребека Брусар. Но, само две години подоцна, Анџелика се омажи за Роберт Греам, со кого живееше до неговата смрт во 2008 година.

извор: stil.kurir