„Гума за џвакање“: Погледнете го најновото од Џенифер Лопез, каква пантерка

Добивај вести на Viber

Комбинезонот, дизајниран од Саид Кобеиси, се состои од горен дел — јакна со долги ракави до врат и патент — и тесни панталони украсени со розов ремен и ленти по страните на бутовите. Освен по футуристичкиот крој, нејзиниот изглед привлече внимание и поради бојата — нијансата на „гума за џвакање“, која е прогласена за една од најмодерните за сезоната пролет-лето 2025 меѓу познатите личности.

И да, Џеј Ло е во него! За жена која ја ситни шестата деценија ова е повеќе од добро. 

Латино дивата се појави на трката од Формула 1 Гранд При во Саудиска Арабија и направи земјотрес. 

Сите најпознати лица во светот на Ф1 се фотографираа со неа, а фотките го обиколија светот со светлосна брзина.