Најсаканиот љубовник на принцезата Дијана: За него ќе оставеше сè

Поранешниот љубовник на принцезата Дијана, Оливер Хоаре (73), лани во ноември почина во Франција, по долгогодишна борба со тешка болест.

Оливер беше трговец на уметнички дела и долгогодишен пријател на принцот Чарлс, но и опсесија и голема љубов на Дијана.

Како што се шпекулира, Дијана и Оливер започнале афера, по смртта на таткото на Дијана, Ерл Спенсер, во март 1992-ра година.

Нивната врска завршила кога неговата сопруга се заканила дека ќе се разведат и тоа откако обезбедувањето на палатата, наводно, го пронашло полугол Оливер како се крие зад едно дрво на имотот и пуши.

Дијана се доверила на своја пријателка дека нејзин животен сон е таа и Хоаре да избегаат од сè и да отидат да живеат во Италија.

Според британските медиуми, Дијана по завршувањето на врската го малтретирала со повици и почнала да го прогонува. Неговата сопруга повикала полицијата, бидејќи дење и ноќе им ѕвонел телефонот, а потоа се открило дека повеќе од 300 повици доаѓаат токму од домот на Дијана. Потоа полицијата објави дека истрагата била прекината на барањето на Хоаре.