По 55 години: Лепа Лукиќ реши да ја открие вистината за нејзината најголема болка

Направи сé за да може да се слушне детски плач во нејзиниот дом, неостварената желба на Лепа Лукиќ  никогаш не престана да боли.

Познатата пејачка, 81-годишната Лепа Лукиќ, помина долг и трнлив пат до славата што ја има денес.

Дојде во Белград од село, боса и без пари, но со голема амбиција и храброст, беше гладна за успех, што на крајот успеа да го постигне. 

Сега, кога зад себе има восхитувачка кариера, Лепа се сеќава на нејзината неисполнета желба, за која долго жалеше, но сега се помири со својата тажна судбина.

Иако сè уште беше девојче, Лепа решително чекореше по патот на успехот. Својата кариера ја градеше исклучиво врз основа на неверојатен талент, без никакви скандали. Својот приватен живот го чуваше подалеку од љубопитните очи на јавноста, сепак, по 55 години, од трагичниот настан, Лепа Лукиќ реши да ја открие вистината за настанот за кој се кае, но и денес ја боли.

„Тоа беше пред повеќе од 55 години. Тоа беше рана бременост, кога абортирав. Многумина го прават тоа, па пак имаат пет или шест деца после тоа", раскажува Лепа не знаејќи тогаш каква судбина ја чека.

Не знам и никогаш нема да знам дали тој абортус влијаеше врз мене да немам деца. Никој не ми го објасни тоа “, вели Лукиќ.

После тоа, таа стори сé за да може да се слушне детски плач во нејзиниот дом, но без успех.

„Подоцна, оперирав неколку израстоци на матката, но никогаш не успеав да останам бремена. Дури и правев интервенција на јајцеводите, но сега веќе ништо не е важно, бидејќи немам деца. Тоа е мојата судбина, се помирив со неа “, заклучи Лепа Лукиќ.

извор:stil.kurir.rs

фотo:instagram