Ти си светлината на нашите животи: Поголемата ќерка на Ема и Франц од Нокаут го прослави вториот роденден во Холивуд (ФОТО)

Музичарот Владимир Крстевски-Франц и неговата сопруга Ема се родители на две ќеркички.

Поголемата од нив, Мелоди, вчера го прослави нејзиниот втор роденден во Лос Анџелес, Холивуд, а родителите ѝ приредија слатка, мала забава со најпрекрасната торта која ја направила мама Ема.


„Најсреќен роденден на нашата најслатка Мелоди! Ти си светлината на нашите животи. Многу те сакаме!  П.с. Тортата ја направивме јас и мајка ми“, напиша Ема, сопругата на Франц покрај фотографиите со кои ѝ го честита роденденот на нивната прва радост.

„На први јуни, се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. Ѝ посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки“, напиша пред две години поранешниот гитарист на групата „Нокаут“, кој со семејството шест години живее во Лос Анџелес. 

Пред помалку од една година пак, се роди Мона и тие станаа родители по втор пат.

Инаку популарниот музичар и поранешен гитарист на „Нокаут“ е веќе седум години во брак со ќерката на биснисменот Иван Џо Петрески, актерката Ема. Како што напоменавме двојката заедно со двете ќеркички живеaт во Лос Анџелес.

фотографии:instagram/Emma Joe Franz