10 соби, фонтана, куќа за гости, 12 купатила: Џеј Ло и Алекс купиле вила од 40 милиони долари

Латино дивата и американска пејачка Џенифер Лопез (51) и нејзиниот вереник Алекс Родригез (45) купиле луксузна вила на Островот Стар во Мајами за 40 милиони долари, јавуваат странските медиуми.

Среќната двојка купи палата со базен без раб и винска соба, во која има 12 купатила и луксузна куќа за гости. Тие наскоро ќе станат соседи на многу познати холивудски sвезди и милионери.

Луксузната куќа има 86 хектари земја и 10 спални соби, се шири на 3.716 метри квадратни и има прекрасен поглед на панорамата во Мајами.

Внатрешноста на домот е исполнета со луксузни лустери и скап мебел, а винската соба е обвиткана со дрво, додека прозорците се протегаат од подот до таванот.

Во дневната соба има големо огниште, а Џенифер има посебна просторија што ја претвори во гардероба и просторија за шминка. Куќата располага и со специјална бања со парен туш, како и огромна када за релаксација.

Покрај базенот кој нема раб, во дворот има џакузи, фонтана, бар со столици, убаво украсени маси и удобни столчиња со поглед на океанот.

Извор: Телеграф.рс