13 години откако ги носев на раце среде снежна бура: Џеј Ло им го честита роденденот на децата близнаци

фото:instagram/jlo

- Моите прекрасни бебиња денес се тинејџери! О Боже! Не можам да верувам дека поминаа 13 години откако двајцата ги носев дома на раце среде снежна бура, напиша Џенифер Лопез на Твитер.

Американската поп-пејачка Џенифер (51) на социјалната мрежа Твитер објави видео во кое позира со своите деца, а по тој повод објави и многу емотивен статус, со цел да им го честита роденденот.

Имено, на видеото се гледа како Џенифер лежи на кревет со своите деца и им кажува колку е горда на нив.

- Моите прекрасни бебиња денес се тинејџери! О Боже ! Не ми се верува дека поминаа 13 години откако двајцата ги носев дома во рацете среде снежна бура. Од таа снежна бура излегоа два совршени „кокоси“ кои го преобликуваа мојот живот и ме научија на вистинското значење на љубовта - напиша во описот на објавата латино дивата.

Џенифер од 10-годишниот брак со пејачот Марк Ентони (52) ги има близнаците - ќерката Ема Марибел Муниз и синот Максимилијан Давид Муниз, кои наполнија 13 години денес, 22 февруари.

На видеото, Џеј Ло е во домашно издание со нејзините деца кои појадуваат.


- Од денот на нивното раѓање трае најмагичното патување полно со авантури и радост. Утрово чувствувам толку многу емоци... Денес сум многу емотивна... Толку горда и среќна, а срцето ми е скршено што не можам да го „замрзнам“ времето. За моите две грижливи, чувствителни и посебни души за кои знам дека ќе го променат и преуредат светот на нивен многу уникатен начин, вашата мајка ве сака засекогаш - додаде Џенифер под објавата.

извор:телеграф.рс

-Стил на денот: Џенифер Лопез во мантил кој треба да го има секоја дама
-(ФОТО) Ултра скапите фармерки на Џенифер Лопез: Ќе ги носите или ќе се згрозите од нив?