14 години живеев во среќен брак, а потоа заѕвони звончето: Сè ми се распадна, ја открив страшната тајна на мојот сопруг!

Останала со сопругот, но животот ѝ се распаднал!

Колку и да изгледа дека го познаваме партнерот, понекогаш можеме да се изненадиме. Не е толку страшно кога дознаваме некои ситници, но понекогаш луѓето можат да сокријат многу големи нешта, особено кога се свесни дека тоа што го прават е, во најмала рака, погрешно.

Жена чиј сопруг бил уапсен поради педофилија како дел од акција спроведена од шкотската полиција, ја објавила својата страна од приказната под лажно име. Таа тврди дека не знаела што прави нејзиниот сопруг, и дека целиот свет одеднаш се срушил врз неа.

„За да ја разберете мојата приказна, прво мора да знаете што претходело на сето тоа. Имам 44 години и сум во брак 14 години. Мислев, и сè уште мислам, дека тоа е многу добар, среќен брак на цврсти нозе, и од него излегоа две момчиња родени од безброј обиди за ин витро оплодување. Животот беше добар, згора на тоа одличен. Обичен, досаден во најдобра можна смисла, во оној кога се е во ред. И двајцата имавме добри работни места, момчињата беа среќни, ние имавме пари, редовно добивавме покачување. Се‘ што сакавме можевме да си го исполниме.

И тогаш некој заѕвони на вратата и мојот живот пропадна во секунда. Беше рано наутро во вторник на 22 ноември. Тоа е денот кој од корен ми го промени животот.

Само што излегував од тушот кога слушнав тропање. Мислев дека е некоја грешка. Ја отворив вратата и најдов група полицајци кои го бараат мојот сопруг. Им објаснив дека веќе отишол на работа.

Полицајците потоа ми објаснија зошто го бараат. Бев шокирана, но добро се држев пред нив. Момчињата се облекоа, како и јас. Цело време бевме следени од полиција. Не смеев да повикам никого освен некој што ќе ги однесе момчињата на училиште.

Кога останав сама, шокот конечно ме зафати. Полицајците и форензичарите останаа во куќата до 10:30 часот, а потоа останав сама да се справувам со сознанието што ми го уништи животот. Полицијата отиде на работното место на мојот сопруг и таму го уапси. Немавме контакт.

Околу 15 часот ме повика полицијата да ми кажат дека против мојот сопруг е покренато обвинение. Се испостави дека два дена претходно имал разговор со 13-годишно девојче и дека и пратил свои фотографии во долна облека. Меѓутоа, она што не го знаел е дека 13-годишното момче е мамката, дека тој всушност разговарал со полицаец.

Ноќта ја помина во затвор и јас требаше да го земам ден по сослушувањето. Околу два попладне рочиштето заврши откако тој ја призна вината. Не побарал да се консултира со адвокат, сам одлучил дека така е правилно.

Од судницата излезе како скршен човек. Се заколнав дека ќе бидам со него и дека нема да носам никакви одлуки за нашиот брак во следните шест месеци, додека не се смири ситуацијата. Тогаш ќе размислам што ќе правам. Му требаше помош, беше скршен, засрамен и на работ на самоубиство.

Се испостави дека тој бил редовен гостин во собата за разговор по име Кик, каде што разговарал со бројни жени и разменувал интимни фотографии со нив.

Во разговор со таа ’девојка’ полицајката веднаш спомнала дека има 13 години. Не знам дали воопшто го видел, дали намерно го игнорирал тој детаљ. Ми рече дека не се сеќава на првиот разговор. Дали сум наивна да му верувам? Веројатно затоа што следниот ден продолжил да разговара со таа „девојка“.

Судењето е закажано за 20 декември. И двајцата бевме на антидепресиви во тоа време.

Дојде судењето, доби казна. На некој начин ни олесна што барем тоа чекање заврши. Само да знаев што не чека. Веста се појави во медиумите и на социјалните мрежи, почнаа да пристигнуваат смртни закани, не советуваа што поскоро да се иселиме. Останавме во нашата куќа, но живеевме со ролетни засекогаш. Излегувавме минимално. Само нашите најблиски знаеја што се случува.

Немав кому да се пожалам, немав со кого да се консултирам. Беа празници, сите беа преокупирани со своите семејства и со изненадувањата што си ги подготвуваа. Сите околу нас славеа додека ние бевме во агонија.

Сега е март. Сè уште сум со мојот сопруг, засега. Којзнае што ќе се случи во иднина. Тој ја отслужи казната и наскоро планира да се врати на работа. Се вратив и на работа, што многу ми помага, бидејќи никој на работа не знае што се случило.

Се трудам да живеам од ден на ден. Понекогаш е добро, понекогаш не е. Понекогаш не можам да спијам навечер, мозокот постојано ми работи и се прашувам која е поентата на сето ова. Осамена сум затоа што ме изневери сопругот на кој му верував повеќе од секого. Сакам одговори на многу прашања, но се сомневам дека некогаш ќе ги добијам. Одам на советување, но факт е дека веќе никому не верувам и станав многу циничена. Ги изгубив повеќето пријатели. Сепак, добив и неколку нови.

Мојот сопруг многу се труди да ја врати мојата доверба. Не знам што не‘ чека, се грижам за нашата иднина, дали ќе останеме заедно или ќе се разделиме“, ја завршува својата приказна.


Фото: SHUTTERSTOCK