15 години живее во целибат: Се прослави со улогата во „Терминатор“, а сега изгледа непрепознатливо

Оваа есен сите љубители на филмот „Терминатор“, ќе уживаат во новото продолжение со главната ѕвезда Арнолд Шварценегер, со наслов „Terminator: Dark Fate“. Ништо помалку внимание нема да добие ни Линда Хамилтон, која во тој фил ја игра Сара Конор, особено по последните изјави за нејзиниот приватен живот.

- Јас сум во целибат најмалку 15 години. Човек престанува да брои, бидејќи едноставно е неважно, или неважно ми е само мене. Нема врска. Секако секој ден имам романтична врска со мојот свет и луѓето со кои сум опкружена- изјави за Њу Јорк Тајмс, 61-годишната актерка, воедно и поранешна сопруга на режисерот на филмот, Џејмс Камерун, од кој се разведе во 1999 година, по само две години брак.

Со него ја има 26 годишната ќерка Џосефин Арчер, додека од бракот со Брус Аботом го има 29-годишниот син Далтон.

Пред да се врати на Холивудското платно, Линда правеше голема пауза и живееше мирен живот во Њу Орлеанс со своите кучиња Турк и Нудли. 

- Еден ден се разбудив и си помислив- види ме во оваа прекрасна вила, моите деца ги нема, не ми се јавуваат агенти, ова не се случува. Мислам дека не постои личност која толку ужива во самотија- призна Хамилтон, која улогата на Сара Конор ја прифати во далечната 1984-та година.

За повторно да ја оживее таа улога ѝ беа потребни шест недели интензивно размислување и мерење на своето „за“ или „против“.

- Навистина не бев сигурна дали го сакам ова. Не сакав да изгледа дека бесрамно сакам само да земам пари. Го живеам тој мирен и убав живот каде не сум позната, затоа се прашував дали навистина сакам да го заменам тоа со 15 минути слава?- додава Линда.