15 имиња со посебно значење: Ретки имиња за девојчиња и момчиња

Овие уникатни имиња ќе ви се допаднат ако сакате оригинално и убаво име за вашето бебе!

Наместо традиционално и популарно име, многу родители сакаат за нивните деца да изберат име кое не се користи често.

Подолу ви нудиме 15 имиња за девојчиња и момчиња, кои може да не се познати, но, секако се единствени, посебни и со убаво значење.

Имиња за девојчиња:

1. Алегра - Од шпанскиот збор „alegre" што значи среќен и весел.

2. Естер - Во стариот персиски јазик, ова име значело „ѕвезда".

3. Артемија - Името е верзија на Артемида која во митологијата е позната како сестра на Аполон, божицата на месечината и заштитник на девојките.

4. Кора - Во грчката митологија, Кора беше една од ќерките на Богот Зевс.

5. Розалија - Популарно име во Италија, Шпанија и Португалија, кое произлегува од зборот „роза“.

6. Ливиа и Ливија - Англо-саксонска верзија на популарното име Оливија, кое е поврзано со маслиновата гранка, симбол на мирот.

7. Геа - Од грчкиот збор „gea" што значи "земја".

8. Тила - Име од германското потекло и варијацијата на популарното име Матилда.

9. Ариа - „Лавица" на два древни јазика, арамејски и хебрејски.

10. Амелија - Верзија на името Амалија, латинизирана форма на старото германско име Амала.

Имиња за момчиња:

1. Тибор - На старословенските јазици, името Тибор значело „свето место".

2. Виго - Скандинавско име што значи „посебен".

3. Оскар - Име од ирското потекло, формирано со спојување на галските зборови „os" и „cara", што значи „драг пријател".

4. Идрис - Велшко име, што значи „страстен господар". Во арапските култури тоа значи „преведувач".

5. Јона - Еврејското име спомнато во Библијата. Јона бил пророк кој преживеал три дена во утробата на кит.