15 неверојатни домашни трикови за нега и убавина

Секогаш сакаме да изгледаме убаво и негувано, но некогаш со некои проблеми не можеме да се избориме сами. За вас има неколку рецепти, со помош на кои ќе изгледате поубаво. 

 Ако имате проблем со мрсна коса, тогаш додадете 2-3 супени лажици сол во вашиот шампон и коренот на косата ќе остане чист. Не ги фрлајте старите шишенца од маскара. Измијте ги, додадете во нив рицинусово масло, алое  и витамин Е и оваа смеса нанесете ја на трепките и веѓите. Еден месец секоја вечер пред спиење повторувајте ја постапката. 

Талогот од кафе не го фрлајте, туку помешајте го со масло од кокос и нанесувајте го под очите 3-4 пати неделно. За целулит измешајте 2 лажици ѓумбир, 5 лажици козметичка глина и 10 лажици топла вода. Нанесете го на нозе, стомак, колкови, и замотајте со фолија. Нека отстои така една недела, а потоа измијте го со топла вода. Ова правете го неколку  пати неделно.  

 Можете да се депилирате со шеќер. Измешајте четврт чаша сок од лимон, исто толку вода и шеќер. Направете  ја смесата на тивок оган додека не добие златна боја и потоа можете да се депилирате. Со кокосово масло, мед и неколку капки масло од лаванда можете да направите смеса за нега на вашите нокти. Оваа смеса ставете ја во старо шише од лак за нокти. За да се справите со митесери, измешајте по една лажица брашно, вода и мед, нанесете со тампон по проблематичните делови на кожата и по 10 до 15 минути измијте се. Со свеж и изрендан компир можете да ја осветлите кожата под пазуви. Ако имате опекотини, тогаш со сода бикарбона ставете облоги и држете ги 10 до 15 минути. Во две шолји топла вода, ставете сода бикарбона и 1 шолја оцет. Ова ќе помогне вашите пети да изгледаат глатко.