16-годишно момче исчезна во Преспанското езеро: Потрагата сè уште трае

Момче на возраст од 16 години исчезна во водите на Преспанското езеро во близина на Претор, откако се превртела педалинка. 

Потрагата по момчето трае веќе повеќе од 20 часа.

Од полицијата информираат дека на 2 август во 18 часот во полициската станица во Ресен е пријавено дека во водите на Преспанското езеро кај Претор исчезнало 16-годишното момче. 

Станува збор за жител од околината на Ресен.