17 ГОДИНИ Е ВО БРАК СО ТРИ ДЕЦЕНИИ ПОМЛАД МАЖ: Љубовните совети на Џоан Колинс се лекција за секоја жена
Кога славната актерка Џоан Колинс (85) на 17 февруари 2002 година го изговори судбоносното „ДА“ со 31 година помладиот избраник Перси Гибсон (54), ретко кој од нејзините пријатели веруваше дека тоа ќе биде брак што ќе потрае. Но, ѕвездата од „Династија“ веќе 17 години е во храмонична врска и има супер совети како да имате среќен живот, особено со значително помлад маж.
Не брзајте!
Перси и јас го започнавме односот како пријатели и тоа наше дружење траеше девет месеци пред да влеземе во врска.
Секогаш простор за себе!
Во секоја врска е важно да се почитуваат потребите на партнерот. Мора да си оставите простор. За мене тоа е бањата, за Перси тоа е неговата канцеларија. Прифатете дека сте различни. Секогаш бидете свесни дека вие сте две комплетно различни личности, без разлика колку и да сте компатибилни. Тоа е сила, а не слабост.
Почитувајте го туѓото мислење!
Различни сме и имаме различни ставови. Ако не се согласувате со истите, почитувајте ги! Би било досадно сите да имаме исто мислење. Никогаш не заминувајте во кревет со нерасчистени односи. Имајте на ум дека не треба никогаш да заспиете налутени.
Не се критикувајте!
Бидете внимателни, дури и кога се шегувате да не го навредите вашиот партнер. Внимавајте со критиките. Ако сфатите дека сте погрешиле, веднаш извинете се.
Запомнете ги важните датуми!
Направете си потсетник. Годнишната од брак, родендените на вашиот партнер, но и на неговите родители.. Едноставно, не смеете да погрешите.