2 совршени костими за успешната деловна жена: Ако сакате да оставите впечаток, ова е начинот на облекување
Деловен стил повеќе не се молив здолништа и салонки со
високи потпетици, туку костими кои оставаат впечаток на силна и моќна жена.
Кејт Бланчет и Ешли Робертс покажаа кон кој моден стил треба да се стремат деловните жени во 2023 година.
Имено, педесет и тригодишната актерка и четириесет и едногодишната пејачка се појавија во многу сличен аутфит со разлика од неколку дена.
Додека Ешли Робертс носеше сив широк костим под кој носеше бела блуза, светкави салонки и бисери, Кејт Бланшет за патувањето носеше сив трослоен костим под кој носеше црна ролка, а и кошула.
Многу ефективно издание кое не може да остане незабележано.
Покрај тоа што е елегантен, костимот е и многу практичен - секогаш е модерен и прилагодлив за сите прилики.
Костимите се модни парчиња кои зрачат со авторитет, а успеваат да патуваат низ времето и да ги освојат гардеробите на дамите со сосема поинаков начин на живот, модни афинитети и естетски преференции, кои имаат само едно нешто заедничко - успехот и одлучноста да го емитуваат со својот моден избор.
Фото: Профимедиа
Извор: стилкурир