20 работи во домот што треба да ги чистите секој ден

Добивај вести на Viber

Дезинфицирајте ги за да спречите инфекција


Во пандемија предизвикана од коронавирус, многу е важно за сите да ја следат максималната хигиена, како индивидуално така и во домот. Само на овој начин можеме да го намалиме ширењето на вирусот и да спречиме инфекција.

Некои секојдневни предмети бараат внимателно чистење и дезинфекција за да се ограничи ширењето на патогени, но има и предмети што треба да ги чистиме апсолутно секој ден.
Кои се некои од овие работи во нашиот секојдневен живот што треба да ги навикнуваме на чистење секој ден без исклучок?

1. Тастатурата на вашиот компјутер или лаптоп.

2. Шише со вода. Ако користите чаша или пластично шише за вода, измијте го секој ден. Само исплакнување не е доволно, дури и ако само вие пиете од тоа шише.

3. Прстените на вашите раце. И покрај миењето раце, нечистотијата може да остане под прстените. Затоа, не треба да ги отстранувате само прстените додека ги миете рацете, туку и да ги дезинфицирате самите прстени со алкохол секој ден.

4. Телефонот.

5. Сунѓерчето за миење садови. Дезинфицирајте го со алкохол. Доколку имате можност на неколку дена менувајте го.

6. Далечински управувачи за ТВ и за клима уред.

7. Рачки на вратите, вклучувајќи ги и внатрешни врати.

8.. Туш кабината после декое туширање и чешмите во бањата секој ден.

9. Крпите во бањата за лице менувајте ги секој ден, односно секоја вечер или секое утро ставајте нова крпа за употреба.

10. Сунѓер за тело, за бањање. Да се дезинфицира после секое бањање.

11. Мијалникот и површините во бањата околу него.

12.Чашата во која стојат четките за заби и пастата за заби.

13. Гумените играчки за бања на вашите деца.

14. Работната површина во кујната.

15. Садови за готвење. Не оставајте натопени јадења во мијалникот во кујната. Ова создава идеално опкружување за развој на бактерии.

16. Даската за сечење. Секогаш по нејзината употреба да се дезинфицира со алкохол.

17. Кујнските крпи, исто така да се употребат и да се фрлат за перење. Почесто ставајте нова кујнска крпа за употреба.

18. Машината за кафе.

19. Штекерите и прекинувачи за осветлување. Секој ден да се дезинфицираат со алкохол.

20. Клучевите за вашиот дом.