25 ГОДИНИ УСПЕШНО ДЕЛОВНО РАБОТЕЊЕ: РЕХАУ отвори нов изложбен салон во Македонија

Добивај вести на Viber

РЕХАУ Македонија прослави 25 години успешно деловно работење со отворањето на новиот деловен објект со интегриран изложбен простор, прв од ваков вид за компанијата во земјава. Салонот кој се наоѓа во населбата Илинден, во близина на Скопје, е уреден во модернистички стил кој овозможува лесно претставување на асортиманот на РЕХАУ, како и на визуелно запознавање со решенија за прозорци и врати, решенија за површинско греење и ладење и водоводни инсталации во објекти, решенија мебелската индустрија. Креирајќи услови производите на РЕХАУ да се подостапни за потенцијалните клиенти и партнери, заинтересираните посетители на салонот ќе имаат можност да го разгледаат секое решение, детално да се запознаат со него и со придобивките од неговото користење.

Изложбениот салон и деловниот објект се круната на четвртина век успешно работење на РЕХАУ во Македонија, но и своевидно одбележување на 75 годишнината од основањето на германската компанија РЕХАУ, која брендот ја прославува годинава. Со над 22.000 вработени  на 170 локации во 54 земји низ целиот свет, Групацијата РЕХАУ е еден од глобалните премиум брендови за решенија кои се засноваат на полимери во градежниот, автомобилскиот и индустрискиот сектор ширум светот.

Новото поглавје за компанијата на македонскиот пазар, кое почнува со новата локација на компанијата го демонстрира и растот и развојот на РЕХАУ Македонија, која е една од водечките премиум брендови за полимерни решенија во домашниот градежен сектор. Улога која би била невозможна без партнерите и клиентите на РЕХАУ Македонија, објаснува Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија.

„Oваа 2024 година за нас е значајна пресвртница, затоа што после две и пол децении на македонскиот пазар влегуваме во нова фаза од нашата приказна,  на нова локација и со нов деловен простор. Преку нашите претставништва во Тирана и Приштина, за кои во Групацијата е надлежна Рехау Македонија, нашите производи се достапни во трите земји приближувајќи го врвниот премиум квалитет на РЕХАУ до крајниот корисник. Во нашиот фокус е раст на портфолиото на производи кои ги нудиме на трите пазари и преку нашите партнерски мрежи и клиенти да ги позиционираме производите на овие пазари. Денес поставуваме основа за иден раст и развој, која ќе биде од полза на сите нашите партнери и клиенти, кои имаат значајно место во досегашниот раст. Нашиот бренд е изграден врз иновации, поместувајќи ги границите на технолошки напредок и фокусирајќи се на одржливоста за идните генерации. Ова се вредности кои ги делиме со партнерите, клиентите, но и крајните корисници на нашите производи.

Сите заедно оставивме незаменлив отпечаток врз она што денес РЕХАУ го претставува на македонскиот, албанскиот и косовскиот пазар, водени од принципите на одржливо работење. Овие вредности се пренесуваат на сите пазари и преку иновативните производи како што е новата генерација прозорски профили ARTEVO и како и најновата фузија на REHAU со MEPA. Со нив правиме и еволуциски исчекор кој ја трансформира индустријата за подобро утре“, вели Сашко Даев, директор на РЕХАУ Македонија, Косово и Албанија

Целта на РЕХАУ е да се олесни и подобри животот на крајниот корисник. Овие вредности се пренесуваат и во Македонија. Компанијата РЕХАУ е присутна на македонскиот пазар од 1999 година со полимерни решенија за градежништвото, и решенија за индустријата за мебел. Останува да биде лидер во сегментот на премиум производи за полимерни решенија нудејќи различни решенија за подобро живеење.

Тим од експерти, со своето големо знаење и посветеност, поучени од искуството, но почитувајќи ја традицијата, ги исполнуваат барањата на секој поединец на пазарот, а резултатите што ги постигнува компанијата се во исто време вредности со кои РЕХАУ Македонија живее: иновации, сигурност и доверба. Тие ја обликуваат работата, културата и однесувањето внатре во компанијата, но се пренесуваат кон клиентите преку партнерската мрежа. Нашата цел е: Инжинерски напредок. Подобрување на живеењето (Engineering progress. Enhancing lives)

Прозорски систем REHAUARTEVO

ARTEVO комбинира бројни предности во револуционерно решение за експерти од индустријата. Станува збор за нова генерација на веќе добро познатиот прозорски систем GENEO, со армирани стаклени влакна, кој е во исто време визионерски, единствен на пазарот, продуктивен и одржлив. Со оптимизираната употреба на материјалот со високи перформанси RAU-FIPROX, ARTEVO ги редефинира границите во однос на големината. Интеграцијата на композитниот материјал со влакна во целиот дел од профилот обезбедува рамномерен и сигурен пренос на товарот. Засилените јачински зони во надворешните ѕидови му обезбедуваат дополнителна стабилност, торзиона ригидност и климатска стабилност.

Предѕидни системи MEPAnextVIT

Новата генерација на предѕидна инсталација MEPA NextVIT нуди оптимизирана и лесна инсталација. NextVIT е добро осмислен комплетен систем. Со новите функции EasyConnect за брзо склопување без алатки и голема флексибилност при употреба, MEPA nextVIT го обезбедува она што ви треба: едноставна, лесна и непречена инсталација. Има предѕидни елементи за секоја област на примена и сите варијанти на инсталација, сигурно казанче, широк спектар на типки за испирање и новодизајниран систем на шини за побрза работа.
Тука е и револуционерната технологија nexVIT Air WC која работи со извлекување наместо со рециркулирање на воздухот за да ја извлече миризбата – без одржување и дополнителни трошоци.

ПР објава