3 години желба да дојдам кај тебе: Емилија Розман за починатиот татко

Добивај вести на Viber

Манекeнката и модел Емилија Розман, последно актуелна по својот експресен развод на бракот кој го склучи пред само два месеци, секогаш пишува емотивни пораки посветени на својот починат татко. Овојпат повод е дтаумот на неговата смрт:

19.10.2017

Денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам.... 3 страшни години без тебе... Сите ме лажеа дека со текот на времето ќе биде полесно, или бар дека ќе научам да живеам без тебе, но не е... Во турскиот јазик постои еден збор, БЕЗТОБНОСТ... Тоа не е само чувство на осаменост или недостигање... Означува неприсуство на една одредена личност и празнина која никој никогаш не може да ја замени... Едноставно болката на животот без тебе... 3 години грижа на совест зошто јас дишам без тебе, за секоја насмевка без тебе, за секој среќен момент и 3 години желба да дојдам кај тебе... И сите ми се лутат зошто зборувам така, а јас никому не можам да му го објаснам тоа дека ова без тебе не е живот, само животарење... Болката што ја чувствуваме кога не напуштаат најблиските не е најатрашното нешто... Најстрашното е животот што ни останува да го живееме без нив...

ЖИВЕАМ ЗА МОМЕНТОТ КОГА ЌЕ ТЕ ГУШНАМ ПОВТОРНО!

ТЕ САКАМ ТАТО МОЈ!

Ти имаш само ден на раѓање! 



* (ФОТО) Емилија Розман по разводот често во друштво на Андреј ДНК: За нови почетоци