3 митови за коронавирусот: Пулмолог д-р Стојановиќ објаснува колкав е ризикот за зараза кај пушачите

Добивај вести на Viber

фотографија:Youtube printscreen / TV Ordinacija

Еве ги митовите за коронавирусот во кои никогаш не треба да верувате! 

 Д-р Ана Стојановиќ, раководител на одделот за пулмологија на КБЦ Бежанијска коса, детално одговори на сите важни прашања во емисијата ТВ Ординација на РТС.
Во овој разговор, таа исто така се осврна и на некои митови кои се раширија во првите месеци од епидемијата на вирусо, кога скоро сè што беше поврзано со ковид беше непознато. 

 МИТ БРОЈ 1 - Ковид е болест слична на грип
Грипот е потполно различен од ковид, објаснува д-р Стојановиќ. Последиците не се исти. Додека грипот влијае само на респираторните органи, ковидот е системско воспаление и предизвикува промени во целиот организам, во срцето, бубрезите.

МИТ БРОЈ 2 - Ако се чувствуваме добро, немаме коронавирус
Коронавирусот не е ист со ковид. Короната е - како што вели името - вирус, а ковид е болест предизвикана од овој вирус. Можно е да немаме ковид, во смисла на тешка болест со силни симптоми, но тоа не значи дека не носиме вирус и дека не сме заразни.
„Истражувањата покажуваат дека сме најмногу заразни кога мислиме дека немаме ништо, односно кога немаме никакви симптоми“, вели д-р Стојановиќ. Затоа е важно да се испитаат контактите, а особено да се следат првите симптоми, како што се проблеми со сетилото за вкус и мирис. А потоа следат треска, температура, грозница..
Кога болеста ќе зеде замав, по 5-7 дена, се чувствува чувство на недостаток на воздух што го придружува замор, тежина во градите - објаснува пулмологот.


МИТ БРОЈ 3 - Пушачите имаат помал ризик од коронавирус
Митот дека коронавирусот „сака“ чисти бели дробови е последица на едно од различните студии, кај една група на пациенти кои покажаа дека пушачите се поретко инфицирани. Како и да е, за време на пандемијата која траеше повеќе месеци, се покажа дека и пушачите и непушачите се подеднакво подложни на вирусот корона.

извор:zenskikutak.rs

Поврзани вести:

-Главни симптоми на ковид-19 после петтиот ден: Д-р Стојановиќ открива како да го проверите сетилото за мирис
-Имате скратен здив: Како да откриете дали станува збор за коронавирус или напад на анксиозност?
-Во борбата со ковид-19: Имунологот објасни колку долго можеме да пиеме витамин Д