3 топ комбинации на Ана Рајковиќ кои ги носеше во Катар: Зрачат со привлечност
3-те модни комбинации на Ана Рајковиќ кои ги носи во Катар
ја воодушевија јавноста.
Ана Рајковиќ, сопругата на фудбалскиот репрезентативец, односно на резервниот голман на СрбијаПредраг Рајковиќ пред неколку дена пристигна во Катар за да му даде поддршка на својот сопруг.
Ана веднаш штом пристигна привлече големо внимание со интересните модни комбинации, а фотографиитеги сподели на својот Инстаграм.
Имено, Ана имаше две интересни вечерни тоалети кои зрачат со привлечност, а притоа одлично ја истакнаа нејзината занесна фигура. Фустанот со светки, со длабоко деколте, откри интересна тетоважа меѓу градите, додека страничните шлицови ја истакнаа половината.
Покрај гламурозниот фустан, таа носеше и поскромен модел, кој ја истакнува најзината сексипилност. Станува збор за сатенски долг фустан кој е многу едноставен и неодоливо потсетува на ноќница.
Дневното издание значително се разликува од вечерното, а фустанот кој Ана го носеше одлично се вклопи со начинот на облекување таму. Долг, широк фустан со интересни ракави беше одличен избор за турнеја низ прекрасната Доха.
Ана ги комплетираше своите комбинации со впечатлива чанта од Луј Витон, и изгледа дека е голем фан на овој бренд.
Под нејзината објава се истакна коментарот на нејзиниот сопруг, кој стави три љубовни смешковци кои навестуваат задоволство.
Фото: Инстаграм