3 знаци кои предупредуваат на несреќа: Еднаш една постара дама ме спречи да влезам во автобус

Ако нa некој му е судено нешто лошо, овие работи често се случуваат ден пред тоа.

Пречки на патот

Физичките препреки на патот обично предупредуваат на опасност. Ако не треба да одите некаде или не треба да правите нешто што сте го замислиле, тогаш сигурно ќе наидете на разни препреки: паднато дрво на патот, ископани јами, несреќи на патот, сообраќаен метеж итн. Од една страна, ваквите знаци не мора да предупредуваат на страшни настани, но најчесто: ако нешто тргне наопаку од самиот почеток, обично следи лош крај. Ако започнете добро, ќе го завршите денот добро.

Необјаснива меланхолија и празнина

Ако нема причина за меланхолија и тага, чувство на празнина во душата, ненадејна вознемиреност, а ги чувствувате тоа не е добар знак. Во такви ситуации, никаква претпазливост нема да помогне. Дури и ако се смирите или целосно го промените однесувањето ќе се случат лоши работи - ништо не можете да направите за да го спречите тоа.

Чудни луѓе ве предупредуваат на несреќа

Еднаш една постара дама ме спречи да влезам во автобусот. Таа ме фати за рака и ми рече: „Не влегувај. Чекај ги другите.“ Бидејќи бев збунет, автоматски ја послушав. Подоцна дознав дека автобусот имал страшна сообраќајна несреќа. Таа жена не беше халуцинација, таа беше од месо и крв. Имав такви ситуации уште неколку пати во животот. Ми приоѓаа случајни минувачи, сосема непознати лица и ме советуваа, ме предупредуваа. Моите пријатели имаа слични приказни.

Ако е судено, ќе се случи несреќа

И со предупредувањата и без, лоши работи ќе се случуваат. Тоа е судбина. И дури и ако се чувате и побегнете некаде - од судбината нема да можете да избегате.

извор: zenskikutak.rs
фото:pixabay.com